Дел од просториите во струшкото основно училиште „Јосип Броз Тито“ се поплавени за време на новогодишните празници. Се утврдува дали некој ненамерно оставил отворени чешми во две простории или тоа било направено со одредена цел.

Во петокот, последниот работен ден од 2017 целиот град немаше вода за пиење. Некој оставил чешми отворени во две училници па откако дошла вечерта водата, кога сите вработени беа дома, дошло до поплава. Штетата е направена и некој мора да сноси одговорност, вели директорката на ушилиштето, Билјана Пинтоска Беќароска. 

Водата низ училиштето течела три дена. Оштетени се дел од училниците, тавани, подови и инвентарот, кој е стар и не е обновен со години. Не е познато дали штетата од поплавата во училиштето ќе биде санирана до почетокот на второто полугодие.

OhridNews