Поради преоптовареност во изминатите два до три месеци во стариот дел на Охрид регистрирани се повеќе откажувања на пумпите, а досегашната штета се проценува на 60 илјади евра. Големи штети трпи и Колекторот кој поради зголемениот водостој на Охридското Езеро не е во состојба да го пречистува целосно отпадните води. Вкупната штета на Колекторот се проценува на околу еден милион евра, но далеку поголема е штетата која во ваква состојба ја трпи екосистемот.











