Поради големиот интерес за гостувањето на Македонскиот Народен Театар со претставата “Не се клади на Енглези”, од Народен Театар Охрид известуваат дека претставата ќе има и втора изведба истата вечер (6-ти октомври) со почеток од 22:20 часот.

Картите за втората претстава ќе бидат пуштени во продажба денеска (вторник) во 10:00 часот. Цената изнесува 200 денари. Билетарата при НУ Центар за култура “Григор Прличев” работи секој ден од 10:00 – 20:00 часот. 

“Не се клади на Енглези” е хит комедија од авторот Владимир Ѓурѓевиќ во која играат актерите Сашко Коцев, Оливер Митковски и Александар Микиќ. Режијата е на Синиша Евтимов.

OhridNews