Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, освен на осојничавите места каде коловозите се наместа влажни, информираат од АМСМ.

Од викендов што помина, поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид–Струга, на делот од село Подмоље до Еврохотел–Струга, е затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

OhridNews