Маглата е причина за откажување и пренасочување на повеќе летови на аеродромот во Скопје синоќа и утрово.

Според информациите на АМСМ отежнато се одвива и патничкиот сообраќај во овој регион. Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на патните правци Скопје – Катланово, Скопје – граничен премин Блаце и обиколницата околу Скопје. 

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

OhridNews