Од АМСМ информираат дека на магистралниот пат А2 Кичево–Охрид, на потег од Пресека до селото Врбјани, денес, 30-ти октомври, поради изведување градежни работи (минирање) во период помеѓу 11:00 часот до 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин во времетраење од 10 до 15 минути.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

OhridNews