Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување или уништување деловни книги”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54-годишен битолчанка, со престој во Охрид.

– На 13-ти април оваа година, пријавената, неовластено се потпишала во деловната книга за евиденција на присутност за работа за 2017 година која, работодавачот ЈП „Македонски шуми-ПШС Галичица“ Охрид уредно ја водел. Тоа го направила утрото при евидентирање на присуството на работа, кога забележала дека за претходниот ден, не внесла потпис на местото определено за време на заминување од работа по што од раководителот бил поставен знак за отсутност. Тогаш, пријавената над ознаката, неовластено се потпишала и ставила час на заминување, сакајќи да прикаже дека уредно ја евидентирала обврската. Во тоа била забележана од вработена која, на таквата неоснована постапка реагирала кон пријавената при што, најнапред вербално, а потоа и физички била нападната, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

При таа караница, пријавената ја оштетила деловната книга со податоците за присутност.

OhridNews