Продолжува санацијата на оштетениот цевковод на „Асном“. И денес ќе има прекин во водоснабдувањето кај корисниците од неколку улици информираат од ЈП Водовод Охрид.

Поради градежните активности за реконструкција на оштетениот цевковод на улицата „Асном“, денес од 08:00 часот повеќе часа без вода се корисниците на дел од улиците „Асном“, „Јордан Мијалков“ и Бул.„Туристичка“, на потегот од кружниот тек до бензиската пумпа Макпетрол, велат од претпријатието.

OhridNews