Поради снимањето на дел од филмот „Дедо и внук“ во црквата „Св. Јован“ Канео, утре, 6-ти мај, на овој простор во стариот дел од градот ќе има контролирано движење на луѓе во периодот од 12 до 19 часот.

Од продуцентската куќа „Пандора бокс“ се извинуваат за настанатите измени и се надеваат на разбирање од граѓаните и гостите.

Снимањето на дебитантскиот игран филм „Дедо и Внук“, во режија на охриѓанецот Илија Пиперкоски, започна неодамна и се одвива на разни локации во Охрид и околината, за што поддршка дадоа Општина Охрид и Дебарско-кичевската епархија.

OhridNews