Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, неле7и пораст од 4.6%. 

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во септември 2017, во однос на септември 2016 година, бележи опаѓање од 6.8%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 7.4%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, бележи пораст од 3.8%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.6%.

Според главните индустриски групи, прометот во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.8%, Капитални производи за 4.0%, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.4%. Индексот на прометот во индустријата во септември 2017 година, во однос на август 2017 година, изнесува 112.8, додека во периодот јануари – септември 2017 година, во однос на периодот јануари – септември 2016 година, изнесува 106.7.

OhridNews