Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, цената на бензините се зголемува од половина до еден денар за литар, а дизел горивата поскапуваат за еден денар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за половина денар и ќе изнесува 69,5 денари за литар. Останатите горива поскапуваат за еден денар за литар така што новата цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,5, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 62,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52,5 денари за литар.

За 0,494 денари за килограм поскапува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС  и сега ќе чини 31,641 денари.

OhridNews