Од ноќеска на полноќ цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3 денари, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 6 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

За 8 денари за литар се зголемува цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе се продава за 105 денари за литар. Цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,591 денари за килограм и ќе изнесува 46,001 денари за килограм.
OhridNews












