Од ноќеска на полноќ цената на бензините се зголемува за 1 денар по литар, додека на дизелот за 2,5 денари. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 2 денари, додека мазутот поевтинува за 0,265 ден/кг.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се продава по цена од 85,50 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 по цена од 87,50 денари по литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 82,50 денари по литар. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 81,50 ден/лит, а Мазутот М-1 НС за 41,230 ден/кг.

OhridNews