Третиот ден од аматерскиот младински театарски фестивал во Охрид „Вдиши Театар“, го одбележа вчерашниот настап на младите актери од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со изведба на претставата „Вртимушка“.

Последниот ден од фестивалот е резервиван за театарската група на Црвениот крст Кичево и средни училишта „Мирко Милески“ и „Дрита“, кои денеска од 17 часот ќе ја изведат претставата „Изгубениот сон“.

Фестивалот ќе биде затворен вечерва од 20 часот, со  „Мачка на вжештен ламаринен покрив“ на театарската група од охридската гимназија.

Инаку, претставите се играат на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“.

OhridNews