Ј.П. „Охридски Комуналец” во соработка со ДОО „Пакомак”– Скопје постави 15 специјализирани контејнери за одлагање на отпад од стакло во Охрид, со што граѓаните ќе можат стаклото да го издвојуваат од другиот отпад и да го депонираат во тие контејнери. Контејнерите се со капацитет од 1.5 метри кубни и се исклучиво за стакло.

Поставени се на следните локации: паркингот кај центарот за обука на вода, хотел Гарден, кеј Македонија, улица „Македонски просветители“, бензинска пумпа Окта на бул. Туристичка, прес контејнер на улица „Богомилска“, населба Далјан кај маркет Шкор, паркинг кај Тутунска банка, прес контејнер во населбата „Христо Узунов“, Кам маркет на бул. Туристичка, пред музичкото училиште, на пресекот на „Даме Груев“ со „Туристичка“, паркинг кај хотел „Ривиера“, ул. Партизанска и бул. Туристичка кај продавницата „Сам свој мајстор”.

Ohridnews