На иницијатива на вработените од Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп, а во соработка со Одделението за планирање и управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата при општина Охрид, на потегот покрај пешачката патека од Горна порта до Лабино и Канео поставени се 30 дрвени куќички за птици.
Куќарките направени се целосно од природен и траен материјал и ќе помогнат како живеалишта на малите птици во Охридскиот регион да се справат со климатските промени и во наредните сезони да формираат гнезда и да се зголеми нивната популација. Грижата за секој еден сегемент од природата е обврска на вработените во Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп. Еден работен ден на вработените заменет за општествено одговорна активност е долгогодишна пракса на компанијата која оваа година слави јубилеј осум децении постоење и грижа за сигурноста на заедницата, информираат иницијаторите на еко акцијата.
Г.М.