И денеска ќе се задржи претежно облачно и свежо време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, особено во претпладневните часови. Од овој влажен бран, на повеќе места се очекува да наврнат над 45 л/м2 воден талог. Кон крајот на денот интензитетот на врнежите ќе се намалува. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 16 степени Целзиусови.
Денеска, како и утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, повеќе ќе биде изразен во северните делови. Во сабота ќе има слаби локални врнежи од дожд. Слично време не очекува и во недела, а во понеделник ќе настапи постепена стабилизација што ќе придонесе за пораст на дневните температури, кои на места ќе се искачат до 28 степени, информира УХМР Македонија.












