Новото издание на детскиот фестивал „Поточиња 2017” доаѓа на гости во Охрид. Фестивалот ќе се одржи во вторник на 30 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“, во големата сала, во 11 часот.

Детскиот фестивал „ПОТОЧИЊА“ на македонската сцена за прв пат се појави во 2004 година. Со своите песнички за брзо време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката и редовно секоја година со своето одржување ја најавува пролетта. Одржувањето на овој фестивал им овозможува на сите дечиња, преку песничките да зачекорат во светот на семејството, училиштето, здравите навики, природата, екологијата, бајките, сказните.

Влезниците ќе бидат по цена од 100 денари. За секоја купена влезница ќе биде обезбедено освежување од „ЛАДНА“ и пригодни подароци од Стоматолошката ординација „Д-р Сашо Стоев“ како и ваучери со попуст за користење на стоматолошки услуги во истата. Најраспеаните дечиња ќе добијат ЦД со најдобрите хитови од „ПОТОЧИЊА“.

OhridNews