За прв пат во Охрид вчера гостуваа младите изведувачи од детскиот фестивал „Поточиња“. Големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше исполнета за дечиња кои уживаа во детските хитови, а се изведоа две изведби. Во дружбата со „поточињата“ уживаа и децата од основните училишта и градинките од Охрид. Поддржувачи на настанот беа „Ладна“ и Стоматолочката ординација „Д-р Сашо Стоев“ кои за дечињата обезбедија пригодни подароци.

Фестивалот „Поточиња“ за прв пат настапува надвор од Скопје.


„Поточињата“ ги израдуваа најмладите охриѓанчиња

фото: Емил Јовановиќ