Внесот на вода е важен за целокупната благосостојба на организмот, а може позитивно да влијае и на слабеењето. При активни обиди да се намали тежина, зголемувањето на внесот на вода може значително да влијае на губењето килограми.

Ако пиете една до две чаши вода пред оброк, тоа има извонредно влијание врз слабеењето бидејќи тогаш сте склони да јадете помалку храна. Ако пиете вода пред оброк, ќе внесете помалку калории поради намалената глад, што на крајот помага при управувањето со тежината и губењето килограми со текот на времето, вели Џајсвал.
Доколку, пак, не сте „преголем љубител“ на вода, нутриционистот препорачува да додадете малку сок од лимон или бобинки во водата, заради вкус. Сепак, стручњакот советува да не се купува вода со вкус, бидејќи таа содржи шеќери.
OhridNews











