Од 01.06. ( четврток ) започнува летниот режим на наплата на јавниот паркинг простор, информира ЈП „Билјанини извори“.

Со одлуката на Советот на град Охрид од минатата година во летниот период ( јуни, јули и август ) Зона А за еден час паркирање за физички лица од 30 денари ќе се наплаќа 40, додека Зона Б од 20 денари за еден час ќе се наплаќа 30 денари.