Повторно се мапирани три диво создадени мини депонии на критични точки во населбата Даљан, велат од ЈП Охридски Комуналец.

Посочуваат дека несовесни поединци се ослободиле од непотребната покуќнина и друг несоодветно депониран отпад, загрозувајќи ја животната средина и окупирајќи го јавниот простор кој им служи на сите граѓани.

Само преку личен пример можеме да покажеме дека грижата за животната средина е наша заедничка одговорност во постигнување на целта-чист и уреден Охрид, потенцираат.

Додаваат дека од депониите се подигнати 36 м3 кабаст и зелен отпад.

OhridNews