Пожар избувна утринава во семејната куќа на кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски Владо Мисајловски. Во пожарот е причинета материјална штета, а при негово гаснење повреден бил еден пожарникар, jавува „Макфакс“.

 

Според најновите информации, пожарот е целосно изгаснат и во моментов се врши увид.

Пожарот избувнал околу 9 часот, а во него изгореле кровот и горниот кат на куќата. Причините за пожарот сè уште не се познати.

Еден од пожарникарите бил пренесен во болница. Од вдишан чад му се слошило, но се наоѓа во добра состојба.

OhridNews
извор: „Макфакс“