Од 23:00 часот, сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е нормализиран. Тој беше во прекин поради шумски пожар над каменоломот на превојот  Плетвар во атар на с.Тројаци кон с.Топлица.

Поради пожарот сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман беше во прекин повеќе од 7 часа, а од двете страни на превојот се формираа километарски колони.

OhridNews

Голем пожар кај Прилеп, во прекин сообраќајот преку превојот Плетвар