Своевремено во гимназијалските денови актуелниот охридски градоначалник Александар Петрески бил вљубеник во одбојката. Негова омилена позиција била играта на мрежа.

– Играв на сите позиции, но омилена ми беше позицијата на мрежа. Тогаш бев висок 185 цм и тежок 75 кг. па бев доста подвижен на теренот. Под водството на чичко Жижи, Јас,  Славе рачката,  Кире, Драги, Мичо, Кољче бевме незапирливи во нашата конкуренција  – се потсетува Градоначлникот.

Сигурен сум дека таа генерација се радува на овие повторни почетоци на одбојката. 

М.П.