Вознемирувачкиот настан се случил во струмичко. Според очевидци познат локален доктор врзал куче за својот автомобил и го влечел до смрт. Настанот е пријавен во полицијата.

На социјалните мрежи граѓаните го осудија немилиот настан и побараа надлежните институции да го расветлат истиот, а сторителот да одговара согласно законот.

Реагираа и здруженијата за заштита на животните, кои побараа најстрога казна за сторителот, посочувајќи дека ваквите настани стануваат секојдневие во нашата држава од причина што институциите ги толерираат.

-Бараме најитно да се разгледа потребата од полиција за животни или наменска служба за превенција/евиденција/санкција на насилството врз животните затоа што тоа е растечки феномен и сериозна девијација во Република Македонија. – соопшти здружението „Анима Мунди“.

ОhridNews