На јубилејниот, 25-ти Интернационалниот музички фестивал “Охрид Фест –Охридски трубадури“, кој ќе се одржи на – 6 – 7 и 8 септември, ќе учествуваат преку 70 пејачи. Покрај македонските фолк и поп звезди, на фстивалот ќе настапат и познати пејачки имиња од балканските земји…. Карлос( Бугарија), Жак Худек, Владо Калембер (Хрватска), Елизабет Христоу ( Грција), Ален Исламовиќ (БИХ), групата “Балканика’’(Србија),Мерима Његомир (Србија) и други. За љубителите на музиката тоа ќе биде можност за убав одмор и дабра забава на крајот од летото, велат оргаизаторите.

На Фолк вечерта ќе настапат Благица Павловска, ’’Скопски боеми“, Петар Нечовски, Нино Величковски, МИлица Кузмановска, Милован Секуловски, „Молика“, Зоран Христов….. а на Поп вечерта – Даниел Кајмаковски, Огнен Здравковски, Пепа, Денис Димовски, Лена, Ѓоко Ѓорчев, Жармена….

Годинава ’’Охридските трубадури“ ќе ги презентираат во живо Балканика – Бугарија, Бел ами – Србија, Коперникус – Србија, Тв Z1 – Хрватска, CMC (Croatian Music Channel –Хрватска, Хајат – Босна и Херцеговина,Визион плус – Албанија,ТRT – Турција, Тв Шансона – Русија и австралиската сателитска тв INTV.