Заврши литературниот и ликовен конкурс кој во рамки на одбележување на 8 мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст (8-15 мај) и чествувањето на празникот на големите просветители Св. Кирил и Методиј, на тема „Хуманоста во заштита на човековото добро и достоинство“ беше објавен од страна на Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид.

За литературни творби наградите ќе бидат доделени на:
1место –Андриана Ангелова –“Хуманоста во заштита на човекото добро и достоинство”
2место – Наталија Стрезовска – “Имаме срце да го даруваме на другите”
3место – Ребека Манева – “Хуманоста во заштита на човекото добро и достоинство”

За ликовните творби награди ќе добијат:
1 место–Мирко Трајановски
2 место –Марија Кузмановска
3 место –Полина Божиновска

Црвен крст Охрид наградите на најуспешните  ќе ги додели на 29.05.2017 г. (понеделник) во 11 ч. во просториите на  Црвен крст Охрид.  

OhridNews