Доделени празнични пакети за лицата од социјален ризик. Во дворот на црквата Св. Богородица Каменско по повод велигденските празници, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и секретарот Александар Китески доделија пакети со прехранбени производи и средства за хигиена на лица од социјален ризик, информираат од Општина Охрид.
Дел од овие пакети беа наменети за верниците во црквата Св. Богодродица – Каменско, додека дел од пакетите беа доставени во студентскиот дом „Никола Карев“, каде оваа категорија луѓе користат услуги, додаваат во соопштението.
OhridNews













