Расказот „Пред црковните порти“ без шифра, победи на конкурсот за најдобар расказ што беше распишан по повод 20-годишнината од смртта на големиот македонски писател Живко Чинго. Втората награда ја освои наградата „Приказна за Џелајдин бега но и за другите“, под шифра „Лајпцих“, додека третата награда ја освои авторот на расказот “Екот на векот“, без шифра.


жири комисијата ги објави победниците на литературниот конкурс

Ова денеска го соопшти жири комисијата во состав Венко Андоновски-писател, проф д-р Кристина Николоска и писателот Славе Ѓорго Димоски.

На конкурсот пристигнаа 44 дела меѓу кои првонаградениот расказ отскокнуваше по квалитет, рече Андоновски. „Прво наградениот расказ е со висок степен на литературна писменост а по стилот потсетува многу на делото на Живко Чинго“, додаде Андоновски.

Тој изрази благодарност до локалната самоуправа, што, како што рече, се сетила да го возобнови литературниот конкурс кој се смета за клучен за популаризација на литературниот жанр расказ.

За победниците се предвидени парични награди од 30, 20 и 10 илјади денари кои ќе им бидат врачени на 13 август на манифестацијата „Вечер на Живко Чинго “што ќе се одржи кај спомен бистата на писателот во с. Велгошти. Локалната самоуправа изрази надеж дека наскоро Советот ќе го прифати предлогот на градоначалникот Петрески за  изградбата на споменик на Живнко Чинго во Охрид каде во иднина ќе се доделуваат  наградите на победниците на литературниот конкурс.

Г. Момироски