Двајца стружани физички се пресметале пред деловниот комплекс на ул. „Пролетерски бригади“каде има изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ. Според полицијата причина за пресметката биле лични недоразбирања.
На тепачката и претходела виртуелна расправија на социјалната мрежа Facebook, каде биле разменети тешки зборови. Закараните стружани недоразбирањата ги “расчистиче“ со тупаници. Уличната тепачка завршила без посериозни последици за инволвираните, кои биле повикани на информативен разговор во полицијата, која најави дека по целосното документирање на случајот ќе поднесе соодветни пријави за нарушување на јавниот ред и мир.










