Поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање) денеска, 20-ти јуни, сообраќајот на патниот правец Р1202 Маврово–Дебар на делот од Мелнички мост до с. Долно Косоврасти ќе биде во прекин во двата правци од 13:00 до 17:00 часот, информира АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по претежно суви коловози. 

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Од 05.06.2017 година сообраќајот по регионалниот пат „Тетово -ГП.Јажинце“ е во прекин кај с.Порој поради излевање на Поројска река. Сообраќајот се пренасочува.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. 

OhridNews