Поради снежна лавина кај Бигорскиот манастир  патниот правец Маврово – Дебар целосно е во прекин од 06:00 часот. На превојот Ѓавото нормализиран е сообраќајот и од 7 часот укината е забраната за патнички возила која беше на сила од синоќа, информира АМСМ.

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Струга – г.п. Ќафасан, Струга – Дебар, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари – Кичево, како и на планинските премини Пресека и Буково. На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашаст снег, по интервенција на дежурните служби. Снег врне во Крива Паланка, Страцин, Попова Шапка, Павлешници и Кула.

Поради отстранување на одрони во близина на с. Истибања сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин, се користи алтернативен пат Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица.

OhridNews