Поради настанат дефект на водоводната мрежа – пукната цевка со профил ф100 (салонит), од 08:00 часот утрово во прекин е водоснабдувањето на улиците: „Дејан Војвода“, дел од „Македонски Просветители“ (на потегот од „Пожарна“ до „Електродистрибуција“), дел од Бул. „Туристичка“, дел од „Стив Наумов“ и „Петар Поп Арсов.

Прекинот ќе трае неколку часови, информира ЈП Вододовод Охрид.
Екипи на јавното претпријатие се на терен и работат на отстранување на дефектот.
OhridNews











