Поради настанат дефект односно пукната цевка Ф100 и дефект на шибер Ф100 и компликации при санацијата, денес без вода се корисниците на улицата „Никола Карев”, информираат од ЈП Водовод Охрид.
Санацијата ќе се пролонгира за неколку часа и со работа ќе се продолжи во раните утрински часови. Во текот на ноќта водоснабдувањето на оваа улица ќе биде со помал притисок, додаваат од претпријатието.
OhridNews