Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека денес, четврток, поради интервенции на водоводните линии, (изведба на нов водоводен приклучок за потребите на Градски Пазар и промена на вентил кај фонтана Чинар), ќе има прекин во водоснабдувањето на улица „7-ми Ноември“ и дел од улиците „Гоце Делчев“ и „Климент Охридски“.

Прекинот ќе биде до 12 часот.