Изградбата на автопатот Охрид – Кичево е прекината поради изместување на трасата. Кинеската компанија „Синохидро“ која го гради автопатот времено ги запира работите на автопатот. Ова го соопшти владината прес служба по средбата на премиерот Заев амбасадорката на НР Кина во Македонија, Лин Лисјен.
Инаку според првичните проекции, овој автопат требаше целосно да биде готов до 1 јануари 2018 година. Претходната влада најавуваше дека околу 14 километри од автопатот ќе бидат целосно завршени и пуштени во употреба во 2016 година, а во тековната уште една делница. Неодамна на местото каде се градат двата најдолги тунели на автопатот беше екс премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ во придружба на тогаш техничкот министар за транспорт и врски Мисајловски, при што беше соопштено дека изградбата на автопатот ќе биде пролонгирана во 2019 година. Неговата должина е 57 километри и ќе чини 374 милиони евра. Во меѓувреме градежните работи во кои беа ангажирани повеќе подизведувачи и околу 1500 вработени се запрени.
Покрај Охрид – Кичево, запрена е изградбата на автопатот Миладиновци – Штип поради нерешени имотно правни односи.
Најавено е средба на премиетот Заев со кинескиот изведувач и подизведувачите со цел изнаоѓање решение за проблемите.
OhridNews
Годинава ќе бидат ставени во употреба 14 километри од автопатот Охрид – Кичево













