Поради денешниот штрајк на грчките цариници, граничниот премин Дојрани ќе биде затворен за патнички и товарни возила во период од 05:00 до 23:00 часот, ќе се пропуштаат само пешаци.

На граничниот премин Евзони, штрајкот започна од 05:00 часот, денес, и ќе трае до 23:00 часот. Сообраќајот за тешки моторни возила ќе биде во целосен прекин, додека патнички моторни возила и пешаци повремено ќе се пропуштаат.

На граничниот премин Ники, штрајкот започна утрово во 5 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден на 10.11.2017 година. За време на штрајкот ќе се пропуштаат само пешаци, додека сообраќајот за сите моторни возила ќе биде во прекин.

OhridNews