Советниците на денешната одржана тринаесетта седница на Совет изгласаа пренамена на средства за реконструкцијата на ООУ „Григор Прличев” (стара зграда) каде се отпочнати градежните работи, како и за довршување на градежни активности во ООУ „Христо Узунов” од Развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2026-2028 година (НА).

За ООУ „Григор Прличев” пренаменети се дополнителни средства од 327.803,00 денари за поставување нова електрична инсталација на приземје, во училници и ходник; демонтажа, монтажа на нова дограма на приземје од училници и дел од ходник; како и поставување на нови плафони во приземје од училници и дел од ходник.

Со оглед дека сеуште се реализираат градежните активности во старата зграда на ОУ „Григор Прличев“ предвидено е учениците од прво и второ одделение наставата од септември во следните два месеци да ја следат во Гимназијата во втора смена, додека од останатите одделенија во нивното училиште. Активностите за реконструкцијата се очекува да бидат завршени во ноември и учениците да продолжат да следат настава во реконструираните простории на ОУ „Григор Прличев“, вели претседателот на Советот, Перчо Божиновски.

Согласно донесените измени на денешната седница во ООУ „Христо Узунов“ се распоредуваат дополнители 445.000,00 денари за замена и монтажа на парни котли, како и реконструкција на училница (сензорна соба) поставување кнауф, глетовање и молерисување.

Н.С.Ј.