Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.


Поради градежни активности на магистралниот пат А3, делница Прилеп – Битола кај ТИРЗ Прилеп, од денес од 11 часот, ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат во траење од три месеци.

Инаку, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.