Денеска ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на дневната температура. Ќе преовладува сончево време со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен јужен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 15 степени Целзиусови.
Во среда, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни (над 25л/м2). Во вечрните часови и во текот на ноќта кон четврток поради спуштање на постуден воздух од север, на планините врнежите ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка. Во четврток и петок ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, а поради разведрувањето, во петок и во деновите од викендот утринските температури на места ќе се спуштат под нула.
OhridNews












