Две песни од Славе Ѓорѓо Димоски „Хамлет“ и „Што ќе правиме по потопот“, се објавени на англиски во рубриката Translation Tuesday на блогот на Asymptote во превод на Даниела Спироска.

Како да живееме кога познатите наративи што управуваат со нашите животи се урнати, а ние одеднаш, неочекувано, се наоѓаме слободни? Во овие две песни, македонскиот автор Славе Ѓорго Димоски ја истражува вознемиреноста на слободата преку штури, но длабоко двосмислени стихови.
Поезијата на Димоски се одликува со збиена лирска форма, во која филозофското размислување произлегува од директен јазик, повторување и внимателно контролирани слики. Песните често се развиваат преку прашања, повторувања и промени во ритамот, наместо преку раскажување, овозможувајќи му на значењето постепено да излезе на виделина, пишува преведувачката Даниела Спироска.
Летово неколку авторитетни книжевни списанија од регионот објавија поопсежни поетски циклуси од Славе Ѓорѓо Димоски. Оваа година беше учесник на четири поетски фестивали, а на покана на словачкиот ПЕН беше учесник на фестивалот „Јан Смрек“ во Братислава.
OhridNews











