
-Наша цел е да придонесеме за поголема афирмација на оваа болест но и да го нагласиме значењето на редовната физичка активност во превенција на мозочниот удар. – велат од здружението.
Обединет тим од лекари од двата најголеми медицински центри „Св Еразмо“, и „Св Стефан“, ќе трчаат во недела на маратонскиот викенд „Охрид Трчат 2017“ под мотото „Трчај брзо за БРЗО“
Препознајте го мозочниот удар и реагирајте брзо , само така може да се спасат животи! порачуваат лекарите.
БРЗО: раката е послаба зборот е променет, образот е искривен, Брзо повикај 194!
OhridNews











