При крај е подготовката на протоколите за постепено враќање во нормална функција на институциите. До крајот на неделава протоколите треба да бидат завршени, а од следната недела да почне и нивната примена, најави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

  • Рестораните и кафулињата ќе почнат да работат на отворено. Во однос на отворањето на градинките, сѐ уште траат консултациите на експертската група и се подготвува посебен протокол, со оглед на тоа дека децата може да вршат трансмисија на коронавирусот. Тие ќе мора да бидат во функција кога сите ќе се вратат на работа“, рече министерот Филипче.