Со оглед на зголемувањето на бројот на збаолени од коронавирус во земјата и влегувањето во втората фаза од епидемијата, можно е да се зајакнат мерките за превенција од понатамошно ширење на вирусот, најави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Утре ќе имаме дискусија во комисијата за заразни болести и во владата при што можен е предлог за зајакнување на мерките за превенција од понатамошно ширење на вирусот. Во наредниот период бројот на заразени ќе расте, како што веќе рековме пикот се очекува на крајот на април со околу 2000 пациенти, рече Филипче.

Апелира за минимално остварување на контакти пред се поради големиот број на асимтоматските носители на вирусот.

Третманот на пациентите останува, информира министерот Филипче, оние пациенти кои се со лесна клиничка слика се третираат во домашни услови, а средно тешките и тешките случаи на клиниката за Инфективни болести.

Од вчера во функција е ставена и болницата 8-ми септември, како болницата во Битола која ќе биде и Регионален центар за пациенти од овој дел од земјата.