Досегашната стратегија успешно функционира и се што беше донесено се носеше врз основа на Комисијата за заразни болести. Сите ограничувања дадоа резултати. Препораките се дека мерките мора да останат на сила се додека не сме сигурни дека сме го поминале пикот, рече на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот додаде дека може да се прави благо намалување на мерките на движење, но да се подигнат мерките на лична заштита.

„Согласно тоа за возрасните граѓани движењето да биде од 8 до 12 часот, за младите да биде од 13 до 16 часот, а полицискиот час да почне од сабота во 13 часот се до понеделник до 5 часот. Забраната за групирање останува, а се воведува задолжително носење на маски и ракавици во затворени објекти, маркети, пошти, пазари. Истовремено на отворено да се држи дистанца од 2 метри”, рече Филипче.

Овие мерки ќе бидат разгледани на утрешната седница на Владата.

Исклучок за носење на заштитна опрема е само ако има заштитна опрема од работа, ако седи во двор на сопствена куќа, ако вози велосипед и држи дистанца од 2 метри. Под заштитна опрема се подразбира маска, шал или марама со која ќе го покриете лицето.

OhridNews