Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека во континуираната борба со организираниот криминал, во содејство со Одделот за организиран криминал при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија пресече уште еден канал на недозволена трговија на наркотична дрога и сузби уште една криминална група составена од албански и македонски државјани, која се занимава со неовластено набавување и продажба на наркотична дрога марихуана. Дрогата беше пренесувана преку водите на Охридското Езеро, од Република Албанија во Република Македонија.

Отворена е истрага за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори при што е одземена наркотична дрога марихуана во количина од 39 килограми.

Истрагата се води за четири члена група од која двајца македонски државјани. Tие се изведени пред надлежен судија на претходна постапка кој им определи мерка притвор во траење од по 30 дена.

Двајцата албански државјани се во бегство.

OhridNews