Денеска ќе биде соопштена пресудата за случајот во кумановската населба „Диво Насеље“ кога загинаа осуммина припадници на македонската полиција и десет лица од вооружената група, пренесува 2Макфакс“. Скопскиот кривичен суд по барање на Министерството за внатрешни работи го презакажа објавувањето на пресудата за „Диво насеље“ поради ангажираност на полицијата за време на локалните избори, откако првично судското рочиште беше закажано за 17 октомври.

На 37-темина обвинети за тероризам и терористичка организација им се суди за терористичките напади во кумановското „Диво Насеље“. Во нападите во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година загинаа осуммина припадници на безбедносните сили, а околу 40 беа повредени. 

На претходните рочишта, дел од обвинетите признаа дека биле дел од групата, други, пак, негираа дека се терористи. Одбраната тврдеше дека нема цврсти докази за делото за кое се обвинети. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави и меѓународна истрага за кумановските случувања. Во случајот се обвинети 37-мина за тероризам и за терористичка организација. 

OhridNews
извор: „Макфакс“