Времето претпладне ќе биде сончево и топло, доцна попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 27 степени Целзиусови а индексот на УВ зраќење 8, информира УХМР Македонија.

Повремени врнежи ќе има и во четврток претпладне, а преку денот облачноста ќе се намалува. Позначителен влажен бран се очекува и во сабота попладне. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура. 

OhridNews