Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „затајување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 56-годишно лице од Куманово.

– Пријавениот, казненото дело го сторил во текот на 2014 и 2015 година во својство на претседател на Заедница на сопственици на апартмански комплекс „Еуротел“ лоциран во населба „Езерски лозја“ во Струга. Тој бесправно, за себе присвоил парични средства кои му биле доверени по основ за гориво, телефонски сметки, храна и слично, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Со ваквите постапки лицето ја оштетило заедницата и се стекнало со противправна имотна корист од вкупно 563.070 денари.

OhridNews